Вчера излезе новата песна на маестро Игор Џамбазов, „Дебела сенка“, која премиерно беше промовирана на радио Бубамара. Музиката и текстот се негови, дека аранжманот е на Игор Атанасоски Харе, кој свири и гитара и се јавува како придружен вокал покрај Тања Тас. Хармоника свири Мишел Трајковски, а тапани Мите Димовски. Тој исто така се погрижи и за програмирање и продокуција на видеото кое го изработи Ник. Фотографиите се на Стефан Рајхл.
Песната е снимена во Студиото на Мите Димовски, Тра-ла-ла во Скопје.