Деновиве од печат излезе првата поетска книга „Парчиња од себеси“ од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска. Таа во своето дело, кое е склоп на прозни дела, кратки дијалози и кратки приказни инспирирани од реалноста, раскажува за сето она што се сака, што ранува и лекува, што се носи длабоко во душата.

Книгата, која е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“, е носител на наградата „Душата на чаршијата“, на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола. Во себе содржи дела напишани низ подолг временски период, а секој расказ е посебен и носи своја приказна и поука, иако се неповрзани и различни во едно нешто се слични: да допрат до сечие срце.

Авторката им посакува на читателите да уживаат во читањето на нејзиното дело, напишано со чиста искреност и емоција, во кое со сигурност ќе се пронајде секој од вас. А наскоро се очекува да има и официјална промоција, каде што ќе можеме да се дружиме со авторката и да добиеме примерок од книгата. За информациите околу неа ќе бидете дополнително известени.

Како сега да дојдете до примерок?
Моментално книгата може да се порача директно преку самата авторка на некој од нејзините онлајн профили.
Или на нејзината меил адреса:
Кратка биографија за авторката:
Викторија Стојовска доаѓа од Кичево. Активно твори седум години, зад себе има голем опус на литературно творештво, учества на повеќе литературни манифестации и освоени награди. Во 2020 година го отвора својот литературен блог и активно го одржува до денес, на него може да прочитате повеќе за творештвото од авторката: viktorijastojovskaa.wordpress.com