Децата не бирааат какви да бидат кога ќе се родат. Само знам дека сакаат да бидат сакани, ценети и пазени.
Не постојат деца со посебни потреби, туку луѓе со посебни критериуми “за нормалност”.
Секој човек има потреба од галкање, мазење и пазење. Од љубов, внимание… а овие личности се специјални им треба уште повеќе од она што ние “нормалните” го добиваме.
Не ги разбирам родителите кои како од оган бегаат од децата со Даунов или аутизам. Зошто? Секое дете е дете. Зарем едното е полошо? Зарем треба од најмали нозе да ги учите на делба?
Поддршка за Амбла и нејзините родители. Се надевам дека нивната борба нема да запре, бидејќи ниту едно дете не заслужува да добива ваков третман. Ниту едно.
Фото: Фејсбук
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.