Со последните чувства во мене,
плашејќи се и тие да не одлетаат,
длабоко во себе скришно ги чував
и со нив ти напишав песна.
Едно по едно излеано од мене,
песната доби свој лик,
и кога рацете се уморни
и кога солзите се посилни
не престанав.
Пишував.
Иако боли, пишував.
Нека боли си реков.
Последна песна
за тебе пишувам,
ветување со неа ти давам,
заборав во наследство ти оставам
и сите траги ќе ги избришам.
Ќе ти искажам љубов,
чиста ми беше како и оваа
бела хартија,
љубовна песна ќе ја наречам
и по галеб бел ќе ти ја испратам.
Дознај мил мој.
За последен пат преку песна дознај,
се ќе ти признаам
и со последните чувства и јас
ќе одлетам.
насловна фото: unsplash.com/laurachouette