Кога бев мала, Тоше го сакав поради две работи: музикалноста и харизматичноста. Кога пораснав сфатив за неговата големина и добрина. А неговите музички способности и харизма дека се само шлагот на тортата, како филмски лик од соништата. Тоше беше и остана над сите. За жал предобар за овој свет, а Господ ги сака најдобрите крај себе.

Сепак му благодарам на Бога што ни подари едно такво совршенство на планетава за да ни укаже дека добрината постои и треба да постои. Има многу починати музичари на кои им се присетуваме, ама Тоше е навистина еден. Не се мери со ниеден друг. Не дека е наш, но Тоше е посебен. И за мене секогаш ќе биде жив, во мислите и срцето.

Лута сум што ни го зема прерано, прво за него и за неговото семејство, пријателите, роднините, па потоа нам, фановите. Бидејќи колку и нас да ни е тешко, во болката заборавме кој најмногу загуби од сето ова.

Статусов ми дојде онака. И мило ми е што не е на еден од оние три дена. Бидејќи тогаш името на Тоше најмногу се слави, а не треба. Тоше се чествува секој ден, на различен начин. Со песна, со мисла, со досетка, со филм…

Со љубов,

Марија Прличкова-Нешовска

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот