* Песната на Марија Прличкова е дел од збирката „1200 молитви за Тоше“, чиј организатор и уредник на изданието е поетесата Маријана Митевска. Средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани во манастирот Свето Преображение Крушево.

Скоро четиринаесет лета како те нема,
а нашите срца твоето отсуство засекогаш ги овена.

Нема ден, нема ноќ твоето име негде да не се спомне,
нема твоја песна која не умее никого да допре.

Ни недостигаш проклето многу,
зарем вредеше засекогаш да заминеш од нас по Богу?

Дали сега ангелите уживаат место нас,
дали сега тие со тебе пеат во еден глас?

Премалку години оствари,
но успеа зад себе премногу да оставиш.

Не во имот, не во пари,
за твоите материјални нешта никој не мари.

Остави богатство цело,
духовно, длабоко и прочистено.

Нè научи да сакаме,
простуваме и да почитуваме.

Ни покажа дека добрината пишува историја,
успеа да ни се протнеш во најдлабоката меморија.

Сега гледај нè одозгора и сјај како ѕвезда Даница,
дур си ја броиш свиленкастата бројаница.

Биди ѕвезда горе,
како што беше и овде доле.

Продолжи да бидеш херој,
и на ангелите дари им верба.

Шепни им дека веруваш во подобро утре,
и дека лошотијата ќе помине како на кутре.

Кажи им повеќе да не плачат,
и повеќе солзи да не лачат.

Тие те имаат тебе.

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.