Сабајлево се емитуваше моето интервју на утринската програма „Здраво Македонија“ на Канал 5 ТВ, каде што говорев за мојата „специјализација“ во анскиозноста и паничните напади. Веќе и на факултет се шегуваме дека сум субспецијалист под ова прашање.
Краток прилог за мојата борба со анксиозноста, односно како се манифестира и како да се справиме полесно со неа. За мене мошне интересен и кежуален муабет, а се надевам дека вам барем малку од малку ќе ви помогне во вашата борба.
Борете се и јавно говорете! Не се срамете, бидејќи нема потреба од срам. Анксиозноста само не прави луѓе, не прави живи. Таа означува дека чуствуваме, не соочува со реалноста. Само не дозволувајте ѝ да ве превладее. Бидејќи раководите со состојбата, а не обратно.
Моите претходни интервјуа можете да ги видите овде:
Кај Марко и Цеце каде што првпат јавно проговорив на ТВ за мојата приказна со анксиозноста.
А доколку сакате, да ја дознаете од А до Ш, тогаш наголемо читајте на овој ЛИНК.
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.