Во пресрет на новогодишните и божиќни празници со голема промоција беше промовиран новиот видео запис на младиот хармоникаш Мишел Трајковски за композицијата „Сиеста“.

Имавме можност да ја видиме целата музичка елита на едно место, музички новинари, тв и радио водители, актери како и голем број на вокални изведувачи од македонската естрада.

Главни ликови во овој видео запис се и едни од најголемите македонски актери од филмската и теaтарска сцена, и тоа: Игор Џамбазов, Драган Спасов – Дац, Васко Тодоров како и младата Марија Лазарова.

Специјални гости се: Наум Петрески и Велибор Џаровски – Џаро.

За ова ремек дело се погрижија: 

Марјан Гавриловски – Режија

Дарко Јовановски – камера и монтажа.

Никола Кузелов – Сценарио

Гоце Трајковски, специјален гостин – Режија.

Дел од музичкиот состав се: Иван Кукиќ на бас гитара, Антонио Тимчевски на клавијатури, Ратко Даутовски на ударни инструменти и Ален Рамчевски на гитара.

Аудио продукција – ХЛ студио – Момироски.