Велат поминува, фаза е.
Велат поминува, состојба е.
Велат ништо не ти е, претеруваш.
Велат ништо не ти е, здрав/а си ко дрен.
Велат „Ајде, ќе биде поодобро.“
Велат „Ајде, не мисли на најлошо.“

Те бодрат дека си силен.
Ти бодрат дека си јак.
Ти викаат „Ура“ на секој подвиг.

А, ти од силен посилен.
Од свесен посвесен.

Не поминува, знаеш.
Не е фаза, живот е.
Не е болест, но состојба е.
Знаеш дека не претеруваш, иако си здрав.
Знаеш дека чувствуваш болка, в гради те бие.
Чувствуваш, а не испушташ ни крик.
Се навикна да боли без да цимолиш.

Упорно жега те стега.
И дланките се потат.
Бликна нов ден.
Ти со неа, сѐ уште осамен.

Тага тажиш, но не се предаваш.
Бога молиш, час поскоро да помине.
Дишиш-издишуваш и неколку пати така во круг.
Ќе помине овој паничен напад, ќе дојде друг.

Штом најде нова зора за тебе,
ја зграбуваш како последна да е на овој свет.
Не ја пушташ, ја стискаш.
А, таа се губи.

Проклето нека е.

Оваа борба нема да ја изгубиш.
Повторно ринг, повторно блинк-блинк.
Повторно победа, повторно колевка.
Колевка на мирот, да бидам попрецизна.

И ќе речат: „ЌЕ ЈА ПОБЕДИШ!
Не се победува “со чмаење, со блеење во ѕидот.
Не се победува со ќутење, вртење во круг.
Не се победува, стани и зборувај со луѓето“

Зборувај со луѓето, но не така.
Зборувај течно, зборувај гласно.
Зборувај, но не страсно.
Ами пристојно, јасно.

Не седи така, фати пристојна поза.
Не биди сериозна, не биди смешна.
Не збори глупости, биди достоинствена.
Не носи кратко, не носи долго.
Не изазивај мода.

И на крај ќе речат: „МОЖЕШ!

„Можам, но по свои правила.
На свој начин.
Ја победувам секој ден.
Затоа анксиозноста е предизвик,
а не болест да се лечи.“

photo: Pixabay

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.