Ако нешто сфатив од сите овие години колку што се борам со овој верен „сопатник”, тоа е дека издржливоста и анксиозноста одат заедно.

Не верувате?

Знаете ли колку пати сме се срушиле пред вас, а вие не знаете, затоа што на лице сме имале најблескава насмевка?

Знаете ли колку пати додека телото ни крахирало, мозокот ни се распаметил и душата ни се растрепетила, сме стоеле мирно пред вас како војник на заклетва?

Знаете ли колку пати сме голтале нервоза, додека сме климале со главата?

Знаете ли колку пати сме отишле на журка за да не скршиме нечиј атер? А колку пати не сме отишле затоа што сме немале со кого?

Знаете ли колку пати одново голтаме „апчиња за самодоверба” пред настан за да не испопаѓаме од трема?

Знаете ли колку пати се будиме со мислата дека не сме доволно добри/храбри/издржливи само затоа што таа така ни кажува?

Всушност, дали знаете колку моменти ни сјебала анксиозноста, а не сме ни дозволиле да приметите?

Не знаете?

Е па затоа ќутетете и пружете поддршка. Не нè учетете на нешто на кое одамна сме навикнале, сакале ние или не.

photo: Pixabay

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.